Herbamedica

ХЕРБАМЕДИКА е компанија основана во 1994 г. со една единствена цел, кон која стреми до денешен ден, а тоа е – “Гpижa зa здpaвјeтo преку целосно природни средcтвa”. Од основањето до сега, е една од водечките компании во Бугарија за производство и дистрибуција на додатоци на исхрана од природно потекло.

Имаат богата палета од над 200 производи наменети за лекување и профилакса на широк спектар на заболувања.

Главна цел при производството на секој додаток на исхрана на ХЕРБАМЕДИКА е квалитетот на компонентите и нивниот безбеден и ефективен одговор. Секогаш се стремат кон одржување на највисок квалитет на производство: користење на природни суровини од сертифицирани производители, системска контрола во секоја етапа од производството и имплементација на најсовремени методи за манипулација со природните компоненти со цел зголемување на нивната ефективност. Ете затоа производите на ХЕРБАМЕДИКА засновани на изобилство од билки, традиционално лекување и љубов кон природата, секојдневно ја зголемуваат својата репутација кај лекарите, професионалните терапевти и фармацевтите.

Во основата на овие додатоци на исхрана лежи холистичкиот пристап кон лекувањето – од коренот на заболувањето до негово трајно елиминирање. Веруваме дека тајната на доброто здравје, исполнетиот живот и долговечноста се крие во лекувањето на самиот човек, наместо третирање на неговата болест. Брендот е познат и на меѓународниот пазар во Канада, САД, Чешка, Литванија и Словенија.