Јод во XXI век

Човековото здравје во условите на XXI век

Живееме во XXI век и денес ништо не е исто како порано. Нашиот природен комфор е значително нарушен и како одраз на тоа, се развиваат голем број болести. Прашањето кое го поставуваме е како да се елиминира стресот од секојдневниот динамичен живот, недостатокот на разновидна и урамнотежена исхрана, нарушениот квалитет и квантитет на главните и најздравите состојки во нашето дневно мени, опкружувањето на патогени агенси кои се во постојано менување и мутирање, агресивниот маркетинг на комерцијални синтетски лекови…?!

На секој жител на планетава му е јасно дека ниту дише чист воздух, ниту јаде чиста храна, ниту пие чиста вода. Живееме во отровен индустриски свет: зрачење и мутагено загадување во воздухот, почвата и водата, климатски промени, намален озон во стратосферата, губење на биолошката разновидност, бучава… Тоталното и агресивно уништување на природата има деструктивен ефект и врз здравјето на луѓето.

Ситуацијата е навистина драматична и сосема природно ја налага потрагата по нови стратегии и спроведувањето на поефикасни мерки, што за жал е долг и комплексен процес. Но, болестите не чекаат и времето станува исклучително важен фактор за решавање на овој критичен проблем. Крајната потреба за изнаоѓање итно решение бара реструктуирање на медицината, не само на основната алопатична, туку и на сите гранки и алтернативи. Додека лекувањето може да биде неопходно и ефективно во процесот на краткорочно заздравување, долгорочно, фокусот треба да биде насочен кон активирање на вродениот систем на само-лекување кај луѓето.

Всушност, модерната фармакологија својот почеток и постоење го должи на илјадагодишните природни лекови и превентивни практики, кои се збогатувани и развивани во услови на технолошки напредок во модерното време.

Еден од овие многу антички лекови со силно влијание врз здравјето на луѓето е микроелементот јод. Во народната медицина тој е многу почитуван. Неговата употреба е одамна позната и документирана во литературата, а до средината на 1960-тите, јодот се сметаше за лек и се користеше за лекување на буквално сè. Обемната информација за неговите извонредни придобивки е долго време потценувана, сепак во последниве години се признава неговото високо ефективно значење за здравјето на луѓето. Бидејќи јодот има моќен потенцијал да го трансформира нашето здравје, последното нешто што сакаме да ни недостасува, е всушност тој.

Што всушност е јодот?

Јодот е есенциален меѓу групата микроелементи – хемиски молекули на нашето здравје. Неговата основна биолошка мисија е поврзана со синтезата на тироидните хормони – тироксин и тријодтиронин, кои се толку важни за метаболичките процеси, растот и развојот на човековото тело, што некои научници ги нарекуваат „диригентите на организмот“. И доста разумно – тироидните хормони се енергетски хормони, а без енергија нема живот. Нивното значење е безусловно, тие регулираат голем број на биохемиски реакции и се клучни фактори за метаболичката активност на организмот. Ја контролират активноста и развојот на мозокот, имуните и репродуктивните системи; исто така се од витално значење за нормален скелетен и невро-психолошки развој на фетусот и децата; правилното балансирање обезбедува здраво срце и внатрешни органи, физичка сила, ментална енергија. Оваа функција на јодот му дава примарна улога во метаболизмот, бидејќи за нормалната активност на секоја од милијардите клетки и се потребни биолошки активни супстанции, кислород и тироидни хормони.

Односно, јодот е еден од трите неопходни фактори одговорни за здравјето на клетките. Неговиот недостаток најчесто нема надворешна манифестација, поради што се нарекува „скриен глад“. И додека гладот поврзан со храна може да се „измами“ на најразлични начини, скриениот клеточен глад не може.

Есенцијалното значење на јодот не е ограничено само на правилното функционирање на тироидната жлезда, тој е микроелемент со широк спектар на медицински ефекти. Научно е утврдено дека заситеноста на организмот со јод игра голема улога во еволуцијата на човечкиот мозок. Јодот има богат спектар на антибактериски, антиканцерогени, антипаразитски, антифунгални, антивирусни својства, како и неверојатна способност за подобрување на квалитетот на нашиот живот.

Неговото незаменливо значење за здравјето на луѓето е синтетизирано во научното мислење на американскиот професор по гинекологија и ендокринологија д-р Guy E. Abraham – еден од водечките светски истражувачи на јод.

„Учебниците по медицина содржат неколку многу важни сегменти со погрешни информации за најважниот елемент – Јод, кој што можеби има предизвикано поголемо човеково страдање и смрт, отколку двете светски војни заедно.“

Guy E. Abraham MD

Д-р Ана Драгоева е молекуларен биолог. Нејзината долгогодишна истражувачка дејност во Бугарската академија на науките и во странство е во областа на генетската биотехнологија. Таа посветува скоро 10 години на молекуларна дијагностика на онкогени заболувања во авторитетниот Центар за клиничка генетика во Порто, Португалија. Стипендист на УНЕСКО. Специјализирала во Украина, Унгарија, Португалија, Италија и Белгија. Има работено на големи меѓународни истражувачки проекти на престижни универзитети, институти и клиники во Европа. Научен консултант на проектот „Микстура син јод“, Европа.