Јодот – есенцијален микроелемент за нормален умствен и физички развој на децата

Јодот е исклучително важен во формирањето на централниот нервен систем и интелектуалниот потенцијал, а со тоа и за човечката еволуција.

Внесувањето на јод за време на бременоста обезбедува правилен развој на скелетот на фетусот и нормално формирање на понатамошното здравје на детето и мајката. Јодот ја одржува нормалната функција на тироидната жлезда, која се наоѓа во основата на вратот што ги регулира хормоните кои го контролираат метаболизмот, отчукувањата на срцето, температурата на телото и други основни функции.

Земањето на доволна количина на јод обезбедува здраво развивање на бебето и нормална тироидна жлезда. Тироидните хормони се од суштинско значење за нормален развој на мозокот и нервниот систем на бебето. Во ретки случаи, доколку фетусот има неразвиена тироидна жлезда, може да доведе до низок коефициент на интелигенција, пречки во развојот, глувост, дефекти при раѓање, кретенизам и (во најекстремни случаи) смрт. Дури и малиот недостаток на јод за време на бременоста се поврзува со нарушен ментален развој на детето.

Недостаток на јод е главната причина за оштетување на мозокот во детството. Тоа резултира со нарушување на когнитивниот и моторниот развој што влијае врз перформансите на детето во училиште. Луѓето со дефицит од јод може да изгубат 15 IQ поени, а скоро 50 милиони луѓе страдаат од одреден степен на оштетување на мозокот поврзано со јод. Малите деца се исто така особено изложени на ризик затоа што на мозокот сè уште му е потребен јод за неговиот развој во текот на првите пет години од животот.

Глобалната проценка на Светската здравствена организација е дека 1,88 милијарди луѓе, вклучително и 241 милиони деца на училишна возраст имаат недоволен внес на јод во исхраната.

Медицинската статистика потврдува дека недостатокот на јод е водечка причина за спречување на голем број на ментални нарушувања. Бидејќи коефициентот на интелигенција е директно поврзан со јодот, неговиот недостаток предизвикува нарушување во развојот на мозочните структури и како последица на тоа доведува до намалување на менталниот капацитет кај децата, слаба концентрација, ниска интелектуална мотивација, хиперактивност, аутизам и други тешки нарушувања.

Сè повеќе научни трудови ја откриваат сериозноста на овој проблем, чија актуелност не треба да се потценува и доколку не се решат ќе имаат штетен ефект врз човечката цивилизација. 

Решението за успешно справување со оваа закана нели e токму непроценливиот јод?