Нега на запчињата на вашите најмили

Секое запче во устата вреди како дијамант. Но, додека се појават тие дијаманти, децата поминуваат најчесто еден непријатен, болен, плачлив пат. Кај секое дете тој процес е различен.

Најчесто, периодот на никнување на запчињата е болен и мачен процес за детето, а за родителите е напорен, бидејќи тогаш многу лесно се нарушува веќе добро воспоставениот ритам на спиење, а на бебето обично му е потребно повеќе нежност и внимание.

Возраста на бебето кога ќе се појават првите заби е индивидуална работа и може многу да варира. Во просек првите запчиња се појавуваат на 6-8 месеци, но кај некои бебиња може да се појават и на 3 месеци или на една година. Kај некои бебиња запчето може да се појави преку ноќ и безболно, а кај некои може да се забележува испакнатина на непцето неколку седмици предходно и тоа да биде пропратено со болка. Во кој месец од животот ќе се појават запчињата, голема улога игра наследниот фактор.

Никнувањето на забите започнува со појавувањето на долните секачи и продолжува се до првата половина на третата година од животот, кога детето би требало да ги има сите 20 млечни заби.

Главната разлика помеѓу млечните и трајните заби е во нивната функција т.е. улогата која ја имаат и поради тоа нивниот број, формата и градбата е различна. Млечните заби освен нивата улога во исхраната, имаат функција и во правилниот развој на вилиците и развојот на говорот, а со нив е поврзано и правилното никнување на трајните заби, односно го чуваат местото на трајните заби.

Периодот на никнувањето на забите е неколку дена – најчесто околу една недела за секое запче при што симптомите се присутни неколку дена пред и неколку после појавувањето на забот во устата.

Симптомите на никнување на забите варираат од едно до друго бебе. Најчести од нив се:

Лигавење – Зголеменото лачење на плунка е еден од знаците дека првото запче сака да се појави. Лигавењето може да започне дури и околу два месеци пред самото никнување. Кај некои бебиња лигавењето е поизразено, а кај некои е послабо.

Отеченост на непцата, зголемена осетливост и иритираност – Притисокот кој го прават острите заби на непцето на бебето, може да биде многу болно искуство за бебето. Болката прави бебето да биде понервозно. Болката обично е најизразена кога излегуваат првите секачи и првите катници – заради поголемата површина. Но некои бебиња се нервозни без разлика на тоа кои заби растат.

Зголемен нагон за гризење – Кога на бебето му растат забите вообичаено гледа да стави во уста се што ќе му дојде на дофат. Притисокот на непцата додека нешто џвака, му го олеснува притисокот кој го прават забите и ја намалува болката.

Плачење, раздразливост и знаци на нервоза – Овие симптоми најчесто се појавуваат 3-5 дена пред никнувањето на забот и исчезнуваат откако забот ќе ја пробие површината на непцето.

Кашлање Зголеменото лачење на плунка може да го тера бебето да кашла. Нема потреба за загриженост, ако бебето не покажува други знаци на настинка.

Осип на брадата Зголеменото лачење на плунка може да ја иритира кожата околу устата. За да го спречите ова, почесто нежно бришете го бебето без да го триете, со мека навлажнета памучна крпа.

Благо покачена температура Ако температурата потрае обратете се на лекар.

Периодот пред појавата на запчињата може да му донесе многу нервоза на вашето бебе. Па, постојат неколку нешта кои можете да ги направите за да му помогнете полесно да се справи со евентуалната болка и зголемената чувствителност:

Играчка за џвакање – Денес постојат најразлични гуми наменети да му помогнат на вашето бебе при никнувањето на забите.

Разладете му ги непцата – Иритацијата на непцата може да предизвика голема нервоза кај вашето бебе. Ставете ја гумата за гризење во фрижидер за да се разлади. Но, не претерувајте. Ако е многу ладна, таа може да му причини болка. Ладната играчка или ладна мокра крпа ќе му ги разладат непцата.

Bebble гелот за заштита на непца при никнување на заби – Со екстракти од билки и смирувачки компоненти, овој магичен гел веднаш ја олеснува непријатноста, а Вашето малечко ќе се чувствува подобро за неколку минути. Уште поважно, овој производ не содржи лекови, и затоа може да се користи често, без ограничувања на дозата. Гелот за заби на Bebble помага во олеснување на црвенилото, отокот и болката. За време на првите неколку месеци, може дури и да ја одржувате хигиената во устата со помош на гелот за заштита на непца при никнување на заби.

Нежно тријте му ги непцата – Измијте си ги темелно рацете и со помош на показалецот нежно тријте го местото кое гледате дека е отечено и зацрвенето. Можете да користите и мека крпа. Притисокот што вие ќе го нанесувате ќе направи вашето бебе да се почувствува подобро.

Уште со појавата на првото запче, треба да започнете со чистење на забите за да ги одржувате здрави. На почетокот користете влажна газа или мека крпа. Ставете ја на вашиот показалец и нежно истријте го запчето и од предната и од задната страна.

Откако ќе се појават неколку запчиња, започнете да користите мала четка за заби со меки влакна. Со нејзина помош мијте ги запчињата два пати дневно, користејќи само вода.

После првата година детето треба само, низ игра да ги мие забите, со надзор, контрола и асистенција од родителите. Хигиената на устата и забите е многу важна за сите, а посебно за првите млечни заби, затоа што само со хигиена може да се сочуваат да бидат здрави додека не изникнат сталните заби.

Bebble пастата за заби со вкус на јагода или банана – Ниско-абразивните и анти-кариес компоненти на оваа паста нежно ги чистат првите запчиња. Природниот ксилитол го превенира растот на микроорганизми и помага во зајакнувањето на забниот емајл. Оваа паста не содржи флуориди, презервативи или средства за боење, со што ја прави безбедна и доколку дојде до проголтување на содржината.