Оваа интернет страна која е во сопственост на БИОМАРТЕ ТИМ ДООЕЛ, со седиште на улица „Гоце Делчев“ бр.6 во Струмица, е маркетинг платформа наменета за приватни здравствени установи – аптеки (во понатамошниот текст клиенти), со цел да овозможи пребарување, едукација и нарачка на производи од интерес.
БИОМАРТЕ ТИМ ДООЕЛ со својата политика за приватност и безбедност на податоци, посветено е насочена кон заштита на приватноста на клиентите. Со исклучок на податоците од финансиска природа, кои се достапни само за регистрираните корисници на оваа платформа, сите останати податоци кои ги собираме од веб страната се исклучиво за наша употреба (контакт со корисници, изготвување на профактура и нарачка).
Ве молиме внимателно прочитајте ги правилата и условите за користење. Секој корисник при регистрација, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата политика за приватност, која се однесува исклучиво за www.biomartetim.com.
Од информациите кои ни се потребни при регистрација ги издвојуваме:
- Име и презиме на лице за контакт
- Име на клиент – аптека
- E-mail адреса на лицето за контакт и/или на клиентот
- Телефон за контакт.
Дополнителни информации кои ни се потребни при нарачка:
- Даночен број на клиент – аптека
- Адреса на клиент за испорака на нарачката.
Информациите кои ги внесувате преку формата за регистрација и/или нарачка, ќе се користат исклучиво за потребите на нарачка и достава на производот, како и за рекламирање на производите обезбедени од наша страна, доколку ја имате избрано оваа опција, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.
Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.
Оваа политика за приватност и сигурност стапува на сила од Април 2020 година. Сите промени ќе бидат јавно објавени на интернет страната www.biomartetim.com најмалку 5 работни дена пред да стапат во сила.
Услови и правила за нарачка
Цените на сите производи на www.biomartetim.com се изразени во денари со вклучен ДДВ.
БИОМАРТЕ ТИМ го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата и со последователно известување на клиентите. Корекција на цената нема да биде извршена доколку нарачката е веќе прифатена.
Клиентот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето или пред да му биде доставена нарачката во случај кога станува збор за одложено плаќање. По примање на нарачката, клиентот е должен да го изврши плаќањето во рок од 30 дена.
Подршка за корисници
За било какви информации и прашања во врска со реализацијата на Вашата нарачка може да се јавите на телефоните (+389) 70 23 66 53 и (+389) 70 34 79 95, кои се достапни секој работен ден во периодот од 09:00 до 16:00 часот, или образложeте го Вашиот проблем на contact@biomartetim.com каде сме достапни 24/7.
Политика за испорака на производи
Испораката на производите може да се спроведе само на територијата на Република Северна Македонија. Сите производи ќе Ви бидат доставени на адресата назначена за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката.
Цената за испорака на производи каде вкупната сума на наплата е поголема од 3000 денари, е бесплатна. За сума помала од наведената, се наплаќа карго – услуга од 200 денари.
Пред испорака на производите, клиентот ќе биде телефонски контактиран на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испорака.
Секој клиент е должен при превземање на производите, да ги провери од евентуални оштетувања при транспорт и да провери дали некој недостасува согласно изготвената фактура. Доколку некои од производите се испорачани оштетени или некој од производите недостасува, клиентот треба веднаш да не информира, како би преземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производите нема да бидат на товар на клиентот.