Препорачани шеми на земање на Микстура син јод како додаток на исхрана

Покрај  внатрешната употреба, додатокот на исхрана Микстура син јод е исто така погоден и за локален третман во носот, усната шуплина и грлото (4 својства во 1). На тој начин се прочистуват сите патишта што се изложени на патогени. Овој комбиниран метод е исклучително ефикасен и дава многу брзи резултати при справувањето со потешки вирусни инфекции.

Ако веќе сте болни од грип, Вашата секојдневна употреба на Микстура син јод ќе Ви помогне да го надминете побрзо, да се излекувате побрзо, а со тоа ќе спречи и развој на сериозни компликации.

Важно: Не се развива резистентност на бактерии и вируси кон препаратот Микстура син јод. Нема контраиндикации. Истиот е компатибилен со лекови, заштитувајќи го нивниот терапевтски ефект. Во случај на подолго користење за време и по третман со антибиотици, ќе гарантира уништување на сите патогени.

При вирусни и бактериски заболувања

Препорачуваме да го зголемите дневниот прием на препаратот според возраста,  посочено во внатрешното упатство за употреба – до 2 пати. На пример: возрасни – по 6 капки на ден, количеството станува 2 пати по 6 капки на ден.

Промивање на нос преку капки

Со промивањето се отстрануват патогените микроорганизми (бактерии, вируси) кои влегле во носот и истовремено се навлажнува и се штити слузницата од исушување, со што се спречува слабеење на локалниот имунитет.

Подготовка на растворот (се чува во фрижидер во затворено шишенце)

Растворете 10 капки Микстура син јод во 50 ml вода и со употреба на пипета, капнувате од растворот во двете ноздри и тоа:
– за деца по 2 капки во секоја ноздра;
– за возрасни по 3 капки во секоја ноздра.

Максимален број на промивања – 3 пати на ден.

Гаргара при болно и воспалено грло

Растворот уништува голем дел од патогените микроорганизми што го населуваат грлото. Бактериите и вирусите дехидрират и брзо умираат, а гаргарата помага да се промијат од слузницата и да се отстранат од горниот респираторен тракт.

Подготовка на растворот

Растворете 20 капки од Микстура син jод во 50 ml вода.
-превентивно – препорачано е жабуркањето да се прави 2 пати на ден (наутро и навечер);
– при заболување – препорачано е жабуркањето да се прави 3-5 пати на ден.

Инхалација

Подготовка на растворот

Деца – го полниме инхалаторот: во 5 ml физиолошки раствор капнуваме 3 капки од Микстура син jод;
Возрасни – го полнине инхалаторот: во 5 ml физиолошки раствор капнуваме 5 капки од Микстура син jод;
Превентивно – препорачано е инхалациjата да се прави 2 пати на ден (наутро и навечер).
При заболување – препорачано е инхалациjaта да се прави 3-5 пати на ден.