Природна комбинација за машко здравје!

Дозволете најгласно во месец ноември, кој се обележува како месец на машкото здравје, да ви го претставиме препаратот Стеарон. Поради фактот што мажите многу поретко одат на лекар и воопшто се грижат за своето здравје, изоставувајќи ги превентивните прегледи, а и самопрегледите, од исклучителна важност е практикувањето на неколку совети:

  • Намалување на стресот
  • Комотен долен веш
  • Исфрлање на цигари и брза храна
  • Вежбање
  • Консумирање на јаткасти плодови кои се богати со селен, цинк и бакар
  • Внесување на поголем процент протеини во исхраната
  • И на крај, консумирање на билки кои имаат благотворно дејство врз машкиот полов систем.

 Што всушност претставува Стеарон?

Билките во состав на препаратот Стеарон го потпомагаат зголемувањето на нивоата на тестостерон во организмот. Исто така учествуваат во подобрување на здравјето на простатата, го намалуваат воспалението, го превенираат предвременото паѓање на косата и учествуваат во подобрување на функцијата на уринарните патишта.

Стеарон е создаден за мажи кои се среќаваат со проблеми во уринирањето, како често уринирање и будење во текот на ноќта, зголемена простата, како и други симптоми на добро познатата хиперплазија на простата.

Во состав на препаратот Стеарон влегуваат повеќе билки, одговорни за оптимална работа на уринарниот систем, дејствувајќи противвоспалително и благопријатно.

Стерон содржи оптимални количини од следните растенија:

  • Бабини заби – повеќе научни студии се направени во последните години кои укажуваат дека секојдневната консумација на  750 – 1500 mg Tribulus Terrestris во времетраење од 2 месеци ја зголемува сексуалната желба кај мажите со намалено либидо. Бабините заби придонесуваат за зголемено либидо како кај мажите, така и кај жените.
  • Петопрст – полифенолите во растението од родот Potentilla и Rubus привлекуваат се поголемо внимание заради моќните антиоксидантни својства и резултатите кои ги даваат во превенција на различни заболувања поврзани со оксидативниот стрес, како рак, воспаление и дијабет.
  • Гранки од вишна – гранките од вишна имаат опор вкус и дејствуваат диуретично и противвоспалително. Овие својства ги прават истите многу полезни при проблеми со здравјето на мочниот меур или простатата. Уште во минатото се употребувале за зголемување на диурезата и за подобрување на здравјето и функцијата на уринарните патишта.
  • Врбовица – учествува во одржување на здравјето на простатата и го намалува ризикот од уринарни инфекции.
  • Семе од бел трн – учествува во подржување на нормалната функција на екскреторниот систем. Silybum marianum, или бел трн, е многу проучувано растение особено кога станува збор за заболувања на црниот дроб. Активниот комплекс од белиот трн е липофилен екстракт добиен од семето на растението, во чиј состав влегуваат флавонолигнани, општо познати како комплекс силимарин. Силимаринот има антиоксидативен ефект при што ги намалува слободните радикали и липидната пероксидација.
  • Жолт кантарион – ова растение е познато многу оддамна и бројни истражувања се направени со цел да го потврдат неговиот противвоспалителен, антибактериски, антивирусен, антиоксидативен и невропротективен ефект.
  • ВетрогонEryngium campestre L. е добро познато лековито растение, кое спаѓа во фамилијата Apiaceae. Има широк спектар на дејства, вклучително лекување на голема кашлица, воспаление на бубрезите и уринарните патишта.

Како резултат на бројните дејства кои ги покажуваат овие вредни растенија, препаратот Стеарон учествува и придонесува за зголемување на циркулацијата на крвта во половите органи со што дирекнто учествува во зголемување на еректилната функција. Покажува благопријатен ефект врз производството на хормонот тестостерон, со што придонесува за одржување на нормална хормонална активност и подобрување на сексуалната функција. Стеарон исто така може да се користи како превенција и зајакнување на здравјето на простатата или како помошна алтернативна терапија при уринарни заболувања.

Здравјето не е просто дар, туку награда за оние кои се грижат за него!