Современ и револуционерен пристап во третманот на акни

Проблемот со акните

Акните се едни од најчестите кожни проблеми во светот. Според неодамнешните анкети, еден од три тинејџери има кожа склона на акни. Циклусот на формирање на акни започнува неколку недели пред тие да се појават на површината на кожата. Затнати пори, секреција на себум, преголем бактериски раст и инфламација – сите придонесуваат во формирањето на акни.

BeMe ги напаѓа постоечките акни и помага во спречување на нивното повторно создавање. Го опфаќа секој чекор од циклусот на акните.

Секоја акна пред да се појави на површината на кожата поминува низ 3 фази:

1. Првата фаза е запушена пора или фоликула. Клетките на кожата постојано се обновуваат и кога старите клетки умираат тие се откачуваат и отстрануваат од површината на кожата. Резултат на овој процес е: свежа, нова и мека кожа речиси секој месец. Како и да е, ако Вашата кожа е склона кон акни, тие мртви клетки се мешаат со себумот на кожата, стануваат лепливи и се спојуваат помеѓу себе внатре во пората. Кога тоа ќе се случи себумот и бактериите предизвикувачи на акните остануваат заробени внатре.

2. Втората фаза во формирањето на акните е преголема продукција на себум. Прашањето е зошто има хиперпродукција? Во суштина, андрогените хормони го стимулираат ослободувањето на себум од лојните жлезди прикачени на порите. Состојбите како пубертет или емоционален стрес може да предизвикаат зголемени нивоа на андрогени хормони, предизвикувајќи хиперпродукција на себум и повеќе затнати пори.

3. Во третата фаза бактериите предизвикувачи на акни, кои природно растат на кожата, сега имаат огромни количини храна (себум и мртви клетки). Како резултат на тоа, тие почнуваат да се размножуваат во затнатата пора. Ако бактериите и себумот останат заробени под површината на кожата, се формира акна. Ако пората се отвори, себумот, кој го содржи пигментот меланин, оксидира и станува црн, односно се формираат добро познатите митесери (црнки).

Многу млади луѓе мислат дека со редовно користење на кремови за лице ќе ја влошат состојбата на акните или на мрсната кожа, но всушност вистината е дека на Вашата кожа и треба одредена количина на себум за да биде балансирана, здрава и мека. Вашето тело веќе продуцира одредена количина природен себум за да ја хидрира кожата и кога порите се чисти, тој себум поминува од внатрешноста на фоликулот и делува како лубрикант на кожата, притоа чистејќи ги мртвите клетки. Тогаш кога лојните жлезди продуцираат повеќе себум, се јавува ризикот за формирање на акни, бидејќи хиперпродукцијата на себум предизвикува спојување на мртвите клетки помеѓу себе во пората заедно со бактериите. Зголемената количина на себум понекогаш може да биде знак на некаков дисбаланс или дехидратација, затоа е многу важно да ја негуваме нашата кожа секојдневно со соодветни препарати.

Моќта на пробиотиците е насочена во борба против акните

Како иновативен производ за нега на кожата на база на пробиотици, beMe го содржи добро познатиот пробиотик L. Bulgaricus и дејствува на микробиомот на кожата. L. Bulgaricus прикажува серија на антисептички и антимикробни својства. Го одржува pH балансот на ниски нивоа, со што штетните бактерии се оневозможени да се задржат и размножуваат на кожата.

Пробиотиците се клучни за микробиомот на кожата. Колку е поголем бројот на добри бактерии на површината на кожата, толку поздрава ќе биде нејзината бариера и ќе биде помалку сува, ќе се намали инфламацијата, чешањето и пецкањето. Тие дејствуваат како природни антибиотици, способни да убиваат бактерии, кои придонесуваат во формирањето на акни и соодветнa инфекциja.

Докажано е дека пробиотиците присутни во овие препарати ја зголемуваат продукцијата на колаген и протеини и исто така го подобруваат внесувањето на кислород. Тоа значи дека ќе има повеќе од доволна регенерација на клетките и обнова на кожата. Lactobacillus bulgaricus го стимулира внатрешниот процес на детоксификација, што значи дека всушност ја поттикнува кожата да ги отфрла кумулираните отрови.

Формирањето на акните не се случува преку ноќ. Тоа е бавен процес кој трае неколку недели, длабоко под површината на кожата и далеку пред да се појави на површината на лицето или телото. BeMe започнува да дејствува во раната фаза на формирање на акните со спречување да се затворат порите со нечистотии, оневозможува раст на штетни бактерии и со тоа го спречува излегувањето на акните на површината на кожата. Тоа овозможува да се прекине циклусот на формирање на акни.

За крај – науката!

Ексклузивната смарт таргет технологија директно ја таргетира пората, каде и започнува процесот на формирање на акната. Благодарение на таа технологија, многу голем процент од активните компоненти се дистрибуираат директно во пората. Тоа овозможува брз и ефективен резултат.

Кожата е створена да биде бариера која ништо нема да пропушта внатре: загадувачи, иританси, дури и препарати за нега на кожата. Често, активните компоненти се оневозможени да навлезат доволно длабоко во кожата за препаратот да го покаже својот ефект. Современите системи за транспорт и насочување на активни компоненти се моментално најновите дозирани форми кои во последните години предизвикаа револуција во полето на медицината и фармацијата. Благодарение на нив се овозможува дистрибуција на активните компоненти до одреден, таргетиран рецептор, продирајќи подлабоко од што обично е возможно, за да се обезбедат оптимални резултати.