ТАЈНИТЕ НА „МИКСТУРА СИН ЈОД“

Волшебните својства на сукцинската киселина

Сукцинската киселина претставува вистински подарок за нас. Таа природно се наоѓа во човечкиот организам. Секојдневно нашиот организам произведува околу 200 грами сукцинска киселина и ја користи за сопствени потреби. За здрав организам оваа количина е доволна. Меѓутоа, кај луѓе кои имаат поголема физичка и умствена активност или зголемен стрес, се појавува тензија и зголемен напор во метаболниот циклус и како резултат на тоа се зголемува потрошувањето на сукцинската киселина, често до појава на дефицит а со тоа и чувство на малаксаност, умореност и нерасположение. Поради тоа, оваа киселина е неопходна за организмот во поголемо количество отколку што тој самиот произведува, а недостатокот на истата задолжително треба да се надополни со додатоци на исхраната.

Сукцинската киселина не го пројавува својот ефект доколку се администрира во чиста форма! Уникатноста на продуктот Микстура син јод е во тоа што јодот ја прави сукцинската киселина биоактивна, пришто истата ги задржува сите нејзини активни својства. Сите знаеме дека килибарот е многу ценет материјал. Но, својствата на сукцинската киселина (која што за прв пат е изолирана од килибарот, од каде што доаѓа и нејзиното име – килибарна киселина) и нејзините соли (сукцинати) се уште претставуваат загатка за научниците.

Сукцинската киселина привлекува големо внимание после декласификацијата на материјали поврзани со нејзината употреба од страна на специјалните служби во Германија за време на Втората светска војна со цел да се зголеми силата и ефективноста на офицерите. Уште тогаш е докажано дека сукцинската киселина е одличен ЕНЕРГОСТИМУЛАТОР. За разлика од другите стимуланти (како на пример кафето) сукцинската киселина нема ефект на последователен пад на енергијата, односно намалување на способноста за работа и соодветно на тоа – депресивност. Од тогаш сукцинската киселина претставува предмет за постојано истражување од страна на научниците во светот.

Сукцинската киселина го поттикнува производството на енергија во клетките. Со процесот на стареење на организмот, заедно со други нарушувања, клетките започнуваат да ја губат способноста за производство на енергија. Како резултат на тоа, организмот започнува да чувствува недостаток на енергија за нормалното одвивање на многу функции, а тоа води до побрзо стареење. Соединението кое му дава енергија е АТП (аденозинтрифосфат). Сукцинската киселина помага во производството на АТП, со што се докажува нејзината улога како моќен стимулатор за производството на енергија и други функции на организмот. Поседува исклучителни регенеративни ефекти.

На крајот на ХХ век бил направен експеримент на бели глувци и стаорци. На една група им била инјектирана водно-алкохолна смеса без сукцинска киселина, а на другата истата смеса но со сукцинска киселина. Истиот експеримент бил направен и со вино. Научниците го набљудувале однесувањето на животните, а исто така направиле и крвна слика истовремено следејќи ги промените во состојбата на црниот дроб. Глувците и стаорците коишто конзумирале водно-алкохолен раствор без додадена сукцинска киселина во него, брзо станале зависни од алкохолот. Кај животните, во чијшто пијалок била додадена сукцинска киселина, не дошло до развој на таква зависност. Дополнително, кај истите не било забележано појава на заболување на црниот дроб. Животните исто така биле изложени на стресни ситуации. Врз база на добиените резултати, научниците заклучиле дека сукцинската киселина е силен антидепресив.

Потоа сличен експеримент бил направен и на луѓе, кои доброволно се пријавиле да учествуваат во студијата. Како доброволци се пријавувале мажи – алкохоличари. Резултатите од ова истражување покажале дека кај дваесет и седум доброволци (од вкупно четириесет којшто биле пријавени) дошло до подобрување на составот на крвта и физиолошката состојба на црниот дроб, со што лекарите изненадувачки ја тргнале дијагнозата „хроничен алкохолизам“.

Сукцинската киселина неутрализира голем број отрови (вклучувајќи ги отровните гасови од пушењето, штетните ефекти од алкохолните пијалоци, средствата кои предизвикуваат зависност, наркотици и др.). Ако некогаш за викенд испиете повеќе чашки алкохол од дозволеното, едноставно наутро после доручекот напијте се една доза (6-8 капки) од МИКСТУРА СИН ЈОД и брзо ќе влезете во форма. Ако состојбата е посериозна, попладне напијте се уште една таква доза. Делува, ќе се уверете самите!

Сукцинската киселина го подобрува клеточното дишење, го потпомага навлегувањето на кислородот во клетките. На пример: со примањето на сукцинска киселина, брзината на апсорпција на кислород во клетките се зголемува за 60 пати.

Сукцинската киселина ги неутрализира слободните радикали. Таа поседува моќни антиоксидантни својства. Со процесот на стареење на организмот, во него се создаваат агресивни форми на кислород кои ги оксидираат или уништуваат клетките, односно нејзините градивни елементи и наследниот материјал. Оксидативниот стрес, кој што се јавува како резултат на дејството на слободните радикали, денес претставува главен промотор и причинител на голем број заболувања, како што се невродегенеративните заболувања (Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест и др.), како и карцинозните заболувања. Сукцинската киселина, како јак антиоксидативен агенс, е способна ефективно да ги неутрализира слободните радикали.

Долгогодишните истражувања за нејзините волшебни својства покажуваат дека истата има корисно влијание врз работата на повеќе органи, како што се мозокот, бубрезите (ги разградува камењата), срцето (го подобрува неговото хранење и силата), црниот дроб. Дополнително, учествува во процесите и го потпомага зголемувањето на имунитетот, го поттикнува производството на инсулин со што придонесува во намалување на шеќерот во крвта, учествува во нормалната активност на нервниот систем, го намалува стресот, учествува во зголемување на микроциркулацијата во органите и ткивата, а воедно и активира голем број важни ензими за човековиот организам.

Уникатноста на сукцинската киселина: да служи истовремено како субстрат и катализатор во биоенергетските процеси, е причина за оваа киселина да биде една од состојките во МИКСТУРА СИН ЈОД. Како перфектен пар со биолошко активната форма на јодот, таа не само што активно ги пројавува нејзините својства, туку и максимално го зголемува дејството на јодот.